Interways Logo

Услови за изнајмување

Без скриени трошоци! Неограничен број на километри!
Ние нудиме широк спектар на возила од различни класи и модели. Сите возила сене се постари од 36 месеци и сите имаат поминато внимателни технички прегледи.
Возилата се комплетно опремени со клима-уред, централно заклучување, воздушни перничиња, ABS, електрични прозорци како и сета друга задолжителна опрема (комплет за прва помош, апарат за гаснење пожар, триаголник, клуч за гуми и слично). Сите автомобили се осигурани. Тие се покриени против одговорност од трети лица со највисока стапка.
 
Барања за изнајмувачите:
Изнајмувач на возило мора да има најмалку 21 година, мора да има важечка лична исправа - пасош и возачка дозвола, со возачко искуство од минимум 2 година.
Возилото може да биде возено само од страна на лица кои се овластени со Договорот за Изнајмување. 
Во одредени прилики може да се направи исклучок за возачи под 20 годишна возраст, но ќе биде потребен дополнителен депозит.

Возачка дозвола
Странските клиенти може да возат со нивните сопствени возачки дозволи во Македонија, се додека информациите во возачката дозвола се испишани со латинични букви. Доколку возачката дозвола не е со латинични букви (пр. Арапски, Грчки, Руски или Кинески букви), потребно е да имате меѓународна возачка дозвола. Истата, секогаш треба да е придружена од дозволата од каде што клиентот доаѓа.
 
Ограничување за возачите во однос на години и искуство
- Минимум возраст за возење возило од категоријата Mini е 21 години и минимум 2години возачко искуство
- За Economy категоријата која вклучува возила од типот на VW Polo, возачот е потребно да има минимум 23 години и минимум 2 години возачко искуство
- За Compact категоријата која вклучува возила од типот на VW Golf или Seat Altea возачот е потребно да има минимум 25 години и минимум 3 години возачко искуство
- За Sedan категоријата која вклучува возила од типот на Skoda Rapid или Toledo, возачот е потребно да има минимум 27 години и минимум 3 години возачко искуство
- За Sedan категоријата која вклучува возила од типот на Skoda Octavia или VW Passat, возачот е потребно да има минимум 30 години и минимум 5 години возачко искуство
- За SUV категоријата потребни се минимум 30 годишна возраст и 5 години возачко искуство
- За Van категоријата потребни се минимум 30 годишна возраст и 5 години возачко искуство

 
Услови за изнајмување:
Возилата вообичаено се изнајмуваат од канцелариите на компанијата во центарот на Скопје или од Скопскиот аеродром.
Ние исто така нудиме автомобили за изнајмување од Охрид, Охридскиот аеродром, Тетово, Гостивар, Битола Прилеп како и градови/летувалишта околу овие градови.
По барање на клиентот, ние може да го доставиме возилото на било која локација во границите на Република Македонија, за соодветна надокнада.
Доколку изнајменото возило не е вратено на двете дадени локации и не е договорено за враќање на друга локација (канцелариите на Interways во центарот на Скопје или Скопскиот аеродром), тогаш ќе наплатиме такса од 35-70 еуро во зависност од Категоријата на возилото.
По потпишувањето на Договорот, возилото се проверува и доколку се забележат одредени неправилности, тогаш се заведува во договорот.
По враќањето на возилото од страна на клиентот, овластен работник на компанијата ќе изврши инспекција на возилото и доколку се забележат оштетувања кои се предизвикани од изнајмувачот и не се покриени со осигурителната полиса, тогаш вредноста на штетата ќе се одбие од иницијалниот депозит. 
 
Возење во странство:
Ние нудиме автомобили за возење во странство, во сите земји на Европската Унија, како и во Турција.
Кога возите во странство ќе Ви биде побаран дополнителен депозит кој го враќаме по истекот на договорот. Доколку се вози во странство, потребно е изнајмувачот на возилото да ја информира агенцијата што е можно порано како би можеле да се подготват соодветните документи.
 
Технички проблеми:
Возилата кои ги ставаме на располагање за изнајмување редовно се одржуваат и се чуваат во многу добра техничка состојба. Сепак, возможно е да се појават некои технички проблеми. Во таков случај потребно е клиентот да контактира со агенцијата на нашите итни телефонски броеви кои се наведени во договорот за изнајмување.
Доколку се работи за помал проблем и доколку возилото може да се вози, може да побараме од клиентите да го одведе возилото до најблискиот сервис за да биде решен проблемот. По истекот на периодот за изнајмување, ќе побараме од клиентот да ја достави фактура за направените трошоци и ќе ја исплатиме целосната сума наведена во фактурата. Доколку се појави поголем технички проблем, ние веднаш ќе испратиме сервисно возило заедно со друго слично возило кое ќе го замени постоечкото. 
 
Во случај на несреќа:
Прво нешто што треба да направите е да се јавите на нашите итни телефонски броеви кои се напишани на договорот. Потоа јавете се во полиција (Тел: +389 2 192) и замолете да дојдат и да направат доказен записник. Нас ни е потребен овој записник како доказ. Доколку не постои записник, тогаш осигурувањето не е валидно!
 
Цени за изнајмување:
Сите цени се изразени во ЕВРА.
Периодот за изнајмување се смета 24 часа, од почетокот на изнајмувањето. Доколку времето на враќање е одложено за 1 до 3 часови од некоја одобрена причина, нема да биде наплатена дополнителна сума. Во случај на доцнење повеќе од 5 часа, тогаш се наплаќа 100% од сумата како што би се наплатило за изнајмување на еден цел ден.
Викенд тарифата важи од петок од 12:00 часот напладне, до понеделник до 09:00 часот наутро.
Месечната цена е валидна за 30 дена.
Минималниот рок на изнајмување е 24 часа.

Период за откажување резервација
Доколку резервацијата е откажана 48 саати пред закажаниот термин, средствата се враќаат во целост.
После овој период, средствата се задржуваат 100%
 
Во цената на изнајмување е вклучено:
- осигурување од одговорност на трети лица со највисоко стапка
- осигурување од кражба / Theft waiver (TW) со франшиза од 500 еуро
- комплетно осигурување на возилото
- осигурување на штета предизвикана од оштетување / Collision damage waiver (CDW)
- неограничена километража
- локациска надокнада
- 18% ДДВ 
 
Враќање на депозит:
Потребно е да оставите иницијален повратен депозит во кеш или гарантиран со кредитна картичка за секое возило. 
За Mini категорија, депозитот изнесува 500 ЕУР
За Compact категорија, депозитот изнесува 500 ЕУР
За Sedan категорија, депозитот изнесува 500 ЕУР (во зависност од возилото)
За Station Wagon категорија, депозитот изнесува 500 ЕУР
За Automatic категорија, депозитот изнесува 500 ЕУР (во зависност од возилото)
За SUV/4WD категорија, депозитот изнесува 750 ЕУР (во зависност од возилото)
За Van/Minibus категорија, депозитот изнесува 750 ЕУР
Депозитот ќе Ви биде вратен кога возилото ќе биде вратено.
 
ОСИГУРУВАЊЕ:
Осигурувањето покрива
Стандарното Осигурување на штета предизвикана од оштетување (CDW): над 500 евра (без вклучен данок) - тоа значи дека доколку е направена штета над 500 евра, истата ќе биде покриена од осигурувањето. Штетата до 500 еуро ја плаќа клиентот , доколку нема доплатено за ехтра осигурување.
Помала сума на штета како последица од оштетување: од 6-20 евра на ден (во зависност од категоријата на возило: над 200 евра - тоа значи дека вие плаќате 6-20 евра на ден, за во случај да се направи штета на возилото до 200 евра, истата да биде покриена од осигурувањето
Дополнително намалување на сума на штета како последица од оштетување: по цена од 10-35 евра на ден (во зависност од категоријата на возило) добивате комплетно осигурување од било каква настаната штета.
Комплетното осигурување(full insurance 100%) не покрива: штети во внатрешноста на возилото, подвозје на возилото, ретровизори и гуми( доколку гумите се оштетени во сообраќајна незгода, осигурувањето е валидно)
Осигурување од кражба / Theft waiver (TW): над 500 евра
Осигурување од одговорност на трети лица: Вклучува 18% ДДВ

ЦЕЛОСНО ОСИГУРУВАЊЕ
По цена од 10-35 евра на ден, добивате целосно осигурување кое вклучува надомест на колкава и да било штета како последица од оштетување, вклучува и осигурување од кражба и исто така, ветробранските стакла се покриени со целосното осигурување.
Целосното осигурување не вклучува: Штета на подвозје на возилото,штета направена на ентериерот на возилото, на ретровизорите и гумите.
 
МНОГУ ВАЖНО!
Осигурувањето од штети не е валидно во следните случаи:
- Возилото е возено од возач кој е под дејство на алкохол или дроги
- Доколку се случи несреќа и за тоа не постои полициски записник
- Доколку изнајмувачот дозволи возилото да се вози од страна на лице кое не е овластено во  договорот или доколку лицето нема возачка дозвола
- Доколку гумите на возилото се оштетени не како последица од оган или сообраќајна незгода
- Доколку изнајмувачот намерно го оштети возилото или ентериерот на возилото
 
ВЕ МОЛИМЕ ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА СЛЕДНОТО!
Осигурувањето од кражба не е валидно во следните случаи:
- Возилото е оставено отклучено
- Возилото е оставено и алармот не е вклучен( доколку има вградено во возилото)
- Возилото е оставено со оставени документи од возилото
- Возилото е оставено, а панелот од музичкиот систем не е отстранет(доколку возилото има музички систем со преден панел кој се отстранува) 

ЗА КРАЈ!
Ве молиме да се осигурате дека сте го прочитале  и добро ќе разберете се она што е напишано во договорот. За било какви прашања, обратете се кај претставникот од агенцијата за изнајмување возила за подетално да Ви објасни.